Трофејот во Лига Европа за Атлетико Мадрид

demo-image

Тимот од шпанската престолнина доминираше во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено по трет пат стигна до пехарот во второто по ранг европско клупско натпреварување. По триумфите во 2009 и 2011 година, Атлетико слави и во 2018 година и ја продолжи доминацијата на клубовите од Шпанија во втората декада од 21 век.

По трите последователни триумфи на Севиља, Атлетико стигна до истиот број пехари во изминатва деценија, а доминацијата на Шпанците ја прекинуваа Порто, Челзи и Манчестер Јунајтед.

Олимпик одлично го отвори натпреварот и уште на стартот имаше извонредна шанса за погодок но, Валери Жермен не успеа да го совлада Јан Облак.

Како одминуваше времето Атлетико ја преземаше контролата на играта, а клучен момент беше 21-та минута кога по грешката на Замбо Ангиса, Антоан Гризман го совлада Стив Манданда за водство на Шпнаците од 1:0.

На стартот од вториот дел во 49-тата минута Гризман повторно се запиша во листата на стрелците за предност на Атлетико од 2:0, а конечниот резултат го постави Габи на една минута пред крајот на натпреварот.



Прочитај повеќе »