Пепелот од вулканот во Хаваи опасен за очите и респираторниот систем

demo-image
Нова ерупција од пепел и гас од вулканот Килауеа во Хаваи, ги поттикна локалните власти да испратат текстуална порака со предупредување до жителите, дека таквата појава може да предизвика иритација на очите и на респираторниот систем.

Хавајската вулканска опсерваторија соопшти дека сивиот пепел и чад се спуштаат југозападно кон областа Кау.

„Како одговор на ваквите континуирани штетни емисии, го кренавме таканаречениот код за предупредување. Сакаме да ја предупредиме воздухопловната заедница дека постои пепел во воздухот“, вели Мишел Кумбс од Американското геолошко истражување.

Новата ерупција доаѓа неколку часа откако официјални претставници забележале нова пукнатина, со што бројот на пукнатини од лава и гас од почетокот на ерупциите на трети мај, се искачи на 20.

Научниците велат дека не можат да предвидат колку ќе трае сегашната ерупција.


Прочитај повеќе »