ВМРО – ДПМНЕ : Македонија забрзано се движи кон банкрот

demo-image

Македонија забрзано се движи кон банкрот. Министретсвото за финансии вчера се задолжи над 16 милиони евра, што е второ задолжување за само еден месец, велат од ВМРО - ДПМНЕ. Сега јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди, а економијата тоне.

Градежништвото, еден од носечките столбови на економијата е во пад. Економските услови се се полоши, покачувањето на акцизата на нафтените деривати е дестимулативно за економијата, исто како и најавеното покачување на данокот на доход, реагираат од опозицијата.

Додека картелот неконтролирано се задолжува, сиромаштијата се повеќе се зголемува. Платите наместо да растат се намалуваат, нема покачување на социјалната помош, на пензиите. Оваа неодговорно однесување мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, велат од ВМРО - ДПМНЕ .




Прочитај повеќе »