Комисија на Сенатот ја одoбри номинацијата на Хаспел за директор на ЦИА

demo-image

Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат денеска ја одoбори номинацијата на Џина Хаспел за нов директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

„За“ одобрување на кандидатурата на Хаспел се изјаснија 10 сенатори, осуммина републиканци и двајца демократи, а „против“ беа петмина демократски сенатори.   

По одобрувањето на номинацијата од страна на Комисијата, се сочекува во текот на следната недела Сенатот да гласа за нејзиниот избор. 

Хаспел беше изложена на критики, меѓу кои и од страна на влијателните републикански сенатори Ранд Пол и Џон Меккејн, поради нејзината поврзаност со програмите на ЦИА за измачување на лица осомничени за тероризам.

Во текот на минатонеделното сослушување на Хаспел пред Сенатот доминираа прашања во врска со нејзиното учество во програмите за измачување на ЦИА за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. 

Но, и покрај резервите на некои сенатори кон нејзината кандидатура, сепак се очекува 61-годишната Хаспел да биде избрана за прва жена на чело на ЦИА.



Прочитај повеќе »