Младите со предрасуди кон сексуално преносливите инфекции

demo-image
Информираноста е клучна за здравјето на младите, беше тематската порака на денешната трибина што  во Битола ја организираа асоцијацијата за здравствено истражување ``Хера`` од  Скопје и Младинскиот културен центар од Битола. Младите имаат предрасуди и се чуствуваат стигматизирани да ги споделат проблемите со кои се соочуваат од сексуално преносливите болести, кои во нашата поширока заедница се надвор од јавниот дискурс. Оваа состојба создава загрижувачки статистики и сериозни последици, беше речено пред денешниот аудиториум на младите битолчани.

- Кај нас мислам дека се прилично застапени, особено кај младата популација, овие сексуално преносливи инфекции, а предрасудите и недоверната тоа да се сподели со некого и потоа правилно да се постапи, тоа е најголемиот проблем- рече скопскиот генеколог Владимир Трајковски.- Само околу 1,6% од младите до 29 години користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3% од паровите во целата земја користат било какво средство на модерна контрацепција, што е многу загрижувачки факт- рече Андријана Папиќ манчева од асоцијацијата ``Хера`` од Скопје.

За жал, покрај недоволната информираност, постои и недоволен пристап до средствата за контрацепција кај нас бидејќи во државата ги немаме сите, а и тие што ги имаме не се на позитивната листа и младиот човек треба да си ги плати, порачаа денеска од Битола модераторите кои најавуваат пет вакви трибини во државата, за подобра едукација на младите и подигање на свеста со рушење на бариерите и предрасудите.



 Петар Стефановски



Прочитај повеќе »