Дол: Западнобалканските земји мора и формално - правно да станат дел од европското семејство

demo-image
Западнобалканските земји мора и формално-правно да станат дел од европското семејство, а одговорноста е и во рацете на Брисел, порача претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол пред почетокот на состанокот на сите сестрински партии од цела Европа, во резиденцијата „Бојана“ во Софија. Пред почетокот на состанокот Дол и домаќинот – бугарскиот премиер Бојко Борисов, порачаа дека очекуваат помирување меѓу земјите кои имаат билатерални проблеми, за да се демонстрира позитивната енергија.

- „Географски припаѓаме на ист простор, делиме исти цели. Балканот секогаш бил приоритет за Европската народна партија, но одговорноста за се што се случува на териториите на Западен Балкан ја има и Европската Унија. Она што сите заедно треба да се потрудиме да направиме е да го обезбедиме владеењето на правото, да се бориме  против корупцијата, да им ја дадеме сета поддршка на западнобалканските земји, на кои местото им е во европските граници каде што се.“ - Жозеф Дол, претседател на Европската народна партија.

- „Не сме тука да зборуваме за леви или десни. Граѓаните на Западен Балкан заслужуваат да бидат интегрирани во европското семејство. Ако не им помогнеме тогаш не треба ниту да бидеме изненадени ако заради тоа се зголеми влијаието на Русија и Кина.“ - Бојко Борисов, претседател на Владата на Р. Бугарија.

На состанокот на сестринските партии присуствува и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски. Тој утринава и лично, на тета тет средба, разговараше со Дол. Зборувале за тешката политичко-економска состојба во која се наоѓа Македонија, за поделбите во државата.

Дол недвосмислено изразил поддршка за политиките на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски оствари билатерални средби и со потпретседателот на ЕНП, еврокомесарот Јоханес Хан, станало збор за невклучувањето на опозицијата во преговорите за името. Добил поддршка за посилно позиционирање на ВМРО ДПМНЕ во Европската народна партија. Освен со Хан, Мицкоски се сретна и со liderot na сестринската австријска народна партија, Себастијан Курц, и со првиот човек на Европската Комисија, Доналд Туск.



Искра Коровешовска


Прочитај повеќе »