Над Макарска синоќа падна снег. По жешкото време, кое владееше низ
цела Хрватска во последните неколку седмици, температурите нагло
паднаа, а во Макарска падна снег.
Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.
Во
попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени,
што е пад за околу 15 степени во споредба со минатата недела.
Падот на температурите беше придружен со дожд и грмотевици, а вечерта во средината на Јадранско Море имаше „водено торнадо“.
Прочитај повеќе »