Старите десетки и педесет денарки повеќе не се во промет

demo-image
Старите десетки и педесет денарки повеќе не се во промет. Од денеска Народната банка ги пушти во употреба полимерните банкноти. Старите повеќе не важат, односно со нив не може да се купува ниту пак трговците да ги враќаат како кусур на купувачите. Граѓаните велат дека се информирани за промената.

Во оптек сепак остануваат ковани десет и педесет денарки. Од Народната банка соопштија дека промената се прави за да се намалуват трошоците за печатење затоа што овие пари потешко се уништуваат и подолго траат. Дополнително централната банка ќе ги скрати и трошоците за замена на полимерните банкноти поради нивниот подолг животен век.

Сите што не успеале да ги заменат хартиените банкноти, ќе можат тоа да го направат во рок од една година во било која банка бесплатно ,а по 15ти мај догодина замената ќе може да се врши исклучиво  во народната банка.
Анализите покажуваат дека животниот век на парите изработени од полимер е подолг за 2,5 до 3 пати, а во некои случаи и за 4 пати од оној на парите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна.


Meри Ѓорѓиевска



Прочитај повеќе »