Откако дојде на власт, Владата на СДСМ се задолжи за речиси 1,6 милијарди евра

demo-image
Трендот на задолжување засилува, јавниот долг драматично расте. Веќе утре власта планира да ја задолжи државата за нови 16 милиони евра. Според календарот на министерството за финансии ова е второ задолжување месецов, или десето од почетокот на годинава. 

За наредниот месец се планирани уште два аукции на хартии од вредност што дополнително ќе влијаат на зголемување на долгот. Забрзаното темпо на задолжување драматично порасна од стартот на годинава кога само во првиот квартал власта се задолжи за над 300 милиони евра. Психолошката граница на јавниот долг веќе ја надмина границата од 5 милијарди евра и се искачи на близу 5,1 милијарда евра. Расте и државниот долг кој се приближи на 4,3 милијарди евра. 

Вкупното задолжување откако СДСМ ја презеде власта веќе надмина 1,6 милијарди евра. Власта тврди дека јавниот долг бил намален, но пресметките покажуваат поинаку. Долгот не само што не е намален туку тој е зголемен, во нето износ од близу 300 милиони евра. Ваквите податоци се дополнително загрижувачки ако се земат во предвид макроекономските показатели. Економијата е во стагнација, капиталните инвестиции драматично стагнираат, инвеститорите не заобиколуваат. 

Во алармот на екпертската јавност се вклучи и опозицијата која предупредува дека граѓаните се во страв и паника за сопствената и иднината на своите деца. Од ВМРО ДПМНЕ предупредуваат дека на Република Македонија и се случува економско цунами проследено со нерационални задолжувања, без нови проекти, инвестиции, работни места, повисоки плати и пензии. 

“Зоран Заев и останатите од картелот не кажуваат каде завршуваат овие милионски суми со кои ги задолжуваат граѓаните. Ветуваа живот, создадоа криминален картел. Криминалниот картел што ја узурпираше државата мора да се разбие и да падне“, предупредуваат од опозицијата од каде бараат власта да одговори каде и на што ги потрошила стотиците милиони евра.  

Упатените критикуваат дека власта води лицемерна политика бидејќи од позиција на опозиција, овој процес остро го критикуваше. Но затоа сега кога е на власт, го брани и го оправдува. Дури и министерот за финансии Тевдоски, кој беше гласен критичар на задолжувањето сега тоа го брани дека морало да се прави бидејќи биле потребни инвестиции во здравство, патишта, образование, кои засега ги нема. 




Meри Ѓорѓиевска


Прочитај повеќе »