Дизлот поскап за 16 денари за разлика од истиот период 2016

demo-image
Цените на нафтените деривати го достигнаа врвот. Од ноќеска на полноќ бензните ќе се продаваат по цена од 73,50, односно 71,50 денари за литар. 

Цената на дизел горивото, од вечерва ќе се продава за 63 денари за литар. Повисока цена ќе има и за мазутот и екстра лесното масло за домаќинство. Ова поскапување на горивата ги налути граѓаните.  

Интересно е што Македонија полека но сигурно се доближува до европските цени, но на нафтените деривати а не и на платите. Со новото поскапување нашата земја ја достигна вредноста на горивата во Турција, но со разлика што кај нас има регулирана цена а кај нив ја одредува самата нафтена компанија. 

Но да споредиме. Како се движеше зголемувањето само во изминатите две години. Најниски цените на горивата имало во 2016-та година. 

Во јануари граѓаните го плаќале поскап дизел за 17 денари, споредбено со исиот период пред две години. Во февруари разликата е 18,5 денари по еден литар. А од вечерва возачите ќе платат за 16 денари повеќе за 1 литар гориво за разлика од 2016-тата година. Но не е само дизелот, за разлика од пред две години плаќаме и поскап бензин. 

Бранот поскапувања почна од 1 јануари годинава како новогодишна честитка, со зголемување на акцизата на нафтата за 3,5 денари.

А во меѓувреме, според државната Статистика, платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Просечната плата во февруари е помала за 867 денари од платата во јануари. Тоа значи дека само еден месец траеше вештачката еуфорија на власт за висината на просечната плата, што е пад за 3%, а граѓаните живеат полошо од пред една година. 

Борис Грујоски


Прочитај повеќе »