Бредли Купер веројатно ќе го режира биографскиот филм „Бернстин“

demo-image

По режисерското деби со филмот „A Star Is Born“, актерот Бредли Купер веројатно ќе го режира и биографскиот филм за композиторот Леонард Бернстин. Мартин Скорсезе, кој првично се спомнуваше како режисер, ќе биде продуцент на филмот.

Освен тоа, Купер ќе ја глуми главната улога во филмот посветен на легендарниот композитор - автор на „Приказната од Западната страна“. Филмот е насловен едноставно како „Бернстин“, а Купер ќе го продуцира заедно со Стивен Спилберг, Ејми Дурнинг, Кристи Кригер и Фред Бернер.

Филомт на Купер е се уште во претпродукција. Актерот Џејк Гиленхал исто така подготвува филм посветен на Леонард Бернстин. 



Прочитај повеќе »