Викендов 21 сообраќајка во Скопје, 13 лица полесно повредени

demo-image

Тринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 21 сообраќајка случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје, а во 11 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и четири  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување и тројца возачи за некористење заштитен шлем. Затекнати биле 229 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени 137 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 43 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 26 почетници, како и 40 нерегистрирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 131 возило.



Прочитај повеќе »