Tрагедија на патот Ресен-Охрид, четири лица загинаа во тешка сообраќајка

demo-image
Четири лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во непосредна близина на ресенското село Крушје. 

Во несреќата учествувале три патнички возила, две со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.

Од загинатите, две лица се од Битола, а две од Могила. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин. Увидот е во тек. Од полицијата повеќе информации најавуваат за утре.


Прочитај повеќе »