Комичарот Козби доби куќен притвор

demo-image
 На комичарот Бил Козби му е одреден куќен притвор во неговиот дом во Филаделфија додека не се донесе конечна пресуда по обвинението за сексуално злоупотребување.

По наредба на судија, Козби мора да носи и џи-пи-ес уред за следење.

Откако Козби беше осуден по три точки од обвинението за дрогирање и злоупотреба на неговата поранешна пријателка Андре Констанд во 2004 година, судијата предложи да биде дозволено да се движи во околината Монтгомери, каде што се наоѓа неговиот дом.

Според таа наредба, дозволено му е да го напушти домот само за да се сретне со своите адвокати или да добие медицинска помош, но прво мора и за тоа да добие одобрение.

Козби (80) останува на тврдењето дека е невин. 

Констанд е една од 50-те жени кои го обвинуваат Козби за сексуален напад, а сите останати обвиненија се сметаат за застарени. 



Прочитај повеќе »