„Епл“ објави раст од 800 отсто на бројот на преземени апликации во новата продавница

demo-image
„Епл“ ја објави новата верзија на „Еп Стор“ заедно со мобилната платформа „ајОС 11“, која нуди голем број подобрувања и дополнителни функции. Ажурираниот портал беше дизајниран не само за олеснување на навигацијата на корисниците, туку и за олеснување на откривањето на содржината и за поедноставување на апликациите.
 
Експертите од „Сензор Тауер“ спроведоа една интересна анкета за да видат дали имало значајни промени по дебито на новата продавница за апликации. Резултатите откриваат дека мерките на „Епл“ го постигнале посакуваниот успех.
 
Истражувањето, на пример, покажува дека ажурираната верзија на онлајн порталот придонело за зголемување на бројот на преземања за импресивни 800 отсто, пренесе „ТекКранч“. Во овој случај, станува збор за насловите, кои за различен временски период беа дел од секциите „App of the day“ и „Game of the Day“ во продавницата. Излезе дека бројот на преземања на мобилни апликации во првата категорија е зголемен за 685 отсто, додека во изборот на „Игра на денот“ оваа вредност е 802 отсто. Податоците го опфаќаат периодот септември 2017 година - април 2018 година.
 
Присуството во „Еп Стор Сторис“ (App Store Stories) и „Еп Лист“ (Аpp List), исто така, позитивно влијае на популарноста на апликацијата, бидејќи е заслужна за зголемување од 222, односно 240 отсто. Сите овие бројки се јасни докази дека промените на „Епл“ се точни и се однесуваат на сообраќај и зголемување на инсталациите за игри и апликации. 
 
Од една страна, ова води кон откривање на подобри и поквалитетни апликации за корисниците, а од друга страна, до повеќе приходи за програмерите. 


Прочитај повеќе »