Можат ли веганите да ја сварат мрачната приказна за тоа од каде доаѓа нивната храна?

demo-image

Постојат бројни причини зошто луѓето одлучуваат да станат вегани, но една од најчестите се однесува на бруталноста кон животните.

Голем дел од веганите се гордеат со фактот дека јадат храна која е „ослободена од бруталност“.

Но, дали е навистина така?

Докторката Френсис Мекормак укажува на фактот дека голем дел од веганската храна се произведува со присилна работа, како и дека при производството страдаат работниците кои се експлоатирани, работат во нечовечки услови, обесправени и платени минимално.

„Луѓето кои берат индиски оревчиња често добиваат изгореници по рацете од киселината која се наоѓа меѓу два слоја од кората. Некои од нив се наоѓаат во кампови за присилна работа, каде се „ќотек“ ги тераат да берат и чистат веганска храна.

Големо количество од чоколадото кое го конзумираме доаѓа како производ на детски труд, при што деца од само пет години ракуваат со опасни алати. На плантажите на кафе, често во една просторија спијат од 40 до 60 работници. Нема санитарен јазол, не потпишуваат договори, а често заработуваат помалку од минималната плата. Работниците на таквите плантажи, често се изложени на токсични хемикалии, што директно им го загрозува животот“, пишува докторката Мекормак.

 Земјоделството е виновно за дури 70 отсто од детскиот труд, а од 2012 година зголемен е за 10 милиони бројот на деца во земјоделството, наведува магазинот „Bored Panda“.

Еден веган на својот блог истакна дека конзумирањето веганска храна и натаму значи смрт за голем број животни.

„Веганството не заштитува голем број глувци, змии, зајаци и слично, кои масовно се трујат за луѓето да можат да одгледуваат житарки. Не ги штити ни рибите, жабите и другите водени организми, кои се трујат со пестициди со кои се прска овошјето и зеленчукот. Не ги штити ни правата на работниците кои ја произведуваат таа храна. Главен проблем со промовирањето храна `ослободена од бруталност` е факт за да се чувствуваме помалку виновни. Ја минимализираме нашата одговорност“, напиша тој.

„Гардиан“ како пример ја наведува квинојата, која масовно ја користат вегетарјанци поради високото ниво на протеин. Откако се популаризираше, се зголеми продажбата, па последователно на тоа и цената.

Тоа доведе до тоа сиромашните луѓе во Перу и Боливија повеќе да не можат да си ја дозволат.

Во Лима квинојата е поскапа од пилешко месо.

Сличен проблем е и со производството на шпарога, чии берачи не можат да си ги прехранат семејствата со минималниот паричен надомест кој го добиваат работниците кои работат во нечовечки услови. 



Прочитај повеќе »