ЕУ не постигна согласност за нови санкции кон Иран

demo-image

Европската унија не постигна согласност за воведување на нов санкции за Иран поради спротиставувањето на Италија и Австрија.

Франција, Германија и Велика Британија предложија воведување на директни санкции за иранските милитанти и командантите кои се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад, надевајќи се дека со тоа ќе го убедат Трамп да не се откаже од мултилатерлниот нуклеарен договор.

- Изгледа дека нуклеарниот договор веќе е мртов, што е ризик за зајакнување на радикалите во Иран и поткопување на нашите шанси да оствариме контакт таму, изјави неименувам дипломат.

Друг дипломат наведе дека ЕУ има уште четири недели да донесе одлука, а трет дипломат посочи дека малку веројатно е оти Унијата ќе воведе нови санкции до половината на мај.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се согласија да продолжат да работат на тоа прашање следните денови.



Прочитај повеќе »