Хјустон славеше над Минесота, Оклахома забележа победа над Јута

demo-image

Лидерот на Западот, Хјустон славеше против Минесота со 104:101 и поведе со 1:0 во серијата. Џејмс Харден мечот го заврши со 44 поени, осум асистенции и четири скока, Клинт Капела додаде 24 поени и 12 освоени топки под обрачите, а Крис Пол беше стрелец на 14 поени. На спротивната страна Ендрју Вигинс забележа 18 поени и шест додавања, а Џеф Тиг и Џамал Крофорд постигнаа по 15 поени.

Првата победа на стартот од разигрувањето ја забележа Оклахома совладувајќи ја Јута со 116:108. Пол Џорџ имаше учинок од 36 поени и седум скока, Расел Вестбрук впиша 29 поени, 13 скока и осум асистенции додека Кармело Ентони имаше 15 поени и седум освоени топки. Во поразениот тим Донован Мичел забележа 25 поени и 10 скока.

Бостон ја искористи предноста на домашен терен и триумфираше над  Милвоки со 113:107, а најголемото изненадување го направи Индијана која како гостин триумфираше над Кливленд со 98:80.



Прочитај повеќе »