Македонија ќе добие пофалби, но и критики од Брисел – се чека на извештајот на ЕК

demo-image
Македонија ќе добие препорака за старт на преговорите за членство во ЕУ но и критики за бавните реформи. МИА го објави извештајот на Европската Комисија кој официјално ќе биде презентиран утре. Овогодишен шампион ќе биде Албанија која ќе добие чиста препорака за пристапни преговори. Македонија пак ќе добие препорака за старт за преговори за членство во ЕУ но од неа се бара поголеми реформи во судството и засилен пристап во слободата и безбедноста на земјата. Земјата ја надминала политичката криза а потребните структурни реформи биле бавен процес за кои што ќе биле потребни години да се спроведат.

– Во светло на постигнатиот напредок, ЕК препорачува преговорите за членство да започнат со Поранешната југословенска Република Македонија. Одлучувачки ќе биде задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски чекор за итните реформски приоритети. Со цел да го поддржи ова, ЕК би го применувала засилениот пристап за преговарачките поглавја во областа на судството, фундаменталните права и правдата, слободата и безбедноста во земјата, стои во делот на извештајот на ЕК што се однесува на Македонија.

Европската Комисија сепак ја поздравува политичката волја во Македонија за напредок, искрената желба за реформи како и објективната проценка на состојбите. И покрај тешкотиите кои биле поради отсуството на главната опозициска партија од декември до крајот на јануари, главните стратегии и закони биле усвоени на крајот на декември/февруари а многу други се во подготовка – оптимистично презентира Европската Комисија. Сепак извештајот се уште не е официјален -  еврокомесарите треба да имаат уште една средба пред да се финализира . Дотогаш се можни уште неколку промени во формулациите.

Вчера дописниците на Радио Слободна Европа од Брисел објавија дека имале увид во документот од ЕК во кој стоело и дека „билатералните спорови и понатаму се главни пречки во процесот на евроинтеграција, и се додава дека во претходниот период не е постигнат ниту еден резултат во решавање отворени прашања меѓу соседите“. 
Премиерот Заев денеска оптимистично како и секогаш - порача дека очекува кристално чиста препорака, која ќе била дополнителна мотивација за продолжување со реформите. 

Сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака. Важен ни е вордингот или зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување. Важно е и за граѓаните и за сите вклучени во реформските процеси изјави Зоран Заев.



Прочитај повеќе »