Прашања несоодветни за првата средба

demo-image

Жената секогаш има по малку трема на прв состанок со момче коешто и се допаѓа. И тука секогаш се вртат прашањата: Што да правам? Што смеам да кажам, а што не?

До каде е дозволено и пристојно да „испрашувате“? Она што најмногу не интересира, е - што човекот спроти нас бара од партнерката или пак зошто раскинал со претходните девојки. Меѓутоа, познавачите велат дека тие прашања треба да ги оставиме настрана на првиот состанок.

Првата средба треба да биде - само забава, на која ќе разговараме за „површни“, позитивни теми. И, да избегнуваме лоши спомени од минатото... Така создаваме првична позитивна слика за себе.

Може да го прашате и за семејството, хобито, каде оди на одмор. Избегнувајте теми за политика, лошото време или пак прашања околу тоа - зошто тој моментно е „слободен“.

Се препорачува и да посветите внимание на тоа како тој се снаоѓа во разговорот - дали е речит, каков е говорот на телото, дали споделувате заеднички интереси. Тоа е всушност и темелот на една успешна врска. 



Прочитај повеќе »