Пелистер со предност пред реваншот

demo-image

Бранителот на трофејот Пелистер успеа да ја совлада Академија Пандев со 2:1. Гостите поведоа со голот на Јани Атанасов во 31-та минута од натпреварот. Во 61-та Борче Маневски израмни на 1:1,а конечниот резултат го постави Ристе Илијоски во последните моменти од мечот.

Шкендија и Ренова играа без победник 1:1. Ренова поведе со погодокот на Стојановски во 12-тата минута, а израмни Изаир Емини во 26-тата.

Реванш натпреварите се играат на 11 април.



Прочитај повеќе »