Се комплетираат четврт-финалистите во ЛШ

demo-image

Дербито на вечерта се игра на Ноу Камп каде Барселона го пречекува Челзи. По првиот дуел на Стемфорд Бриџ, кој заврши без победник 1:1 минимална предност имаат Каталонците, но гостите од Лондон најавуваат дека атакуваат на победа и влез меѓу осумте најдобри.

Во вториот дуел што почнува во 18 часот, Баерн против Бешикташ влегува со предност откако првиот натпревар во Минхен заврши со триумф на Баварците од 5:0.

Рома и Севилја се двата тима кои по вчерашните реванш дуели се пласираа во четврт-финалето од фудбалската Лига на шампиони. Севилја на Олд Трафорд направи сензација совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1, а херој на натпреварот беше Висам Бен Једер кој за само четири минути на два пати успеа да го совлада противничкиот голман. Единствениот погодок за домаќинот беше дело на Ромелу Лукаку.

Рома со голот на Един Џеко славеше над Шахтар со 1:0 и успеа да се пласира меѓу осумте најдобри тимови во елитното натпреварување.



Прочитај повеќе »