Продолжува триумфалната низа на Торонто, 100. трипл-дабл на Вестбрук

demo-image

 Лидерот на Истокот, Торонто го совлада Бруклин со совлада Бруклин со 116:102 и ја забележа осмата последователна победа. Јонас Валанчиунас мечот го заврши со 26 поени и 14 скока, а ДеМар ДеРозан и Фред Ван Флит постигнаа по 15 поени. Во поразениот тим Д'Анџело Расел имаше 32 поени и седум освоени топки под обрачите додека Ронде Холис Џеферсон впиша 19 поени и седум скока.

Кливленд славеше над Феникс со 129:107 и остана во трката за треттата позиција во Источната конференција. ЛеБрон Џејмс имаше учинок од 28 поени, 13 скока и 11 асистенции забележувајќи го 13-от трипл дабл сезонава. Џордан Кларксон беше стрелец на 23 поени додека Кајл Корвер постигна 22. На спротивната страна најефикасни со по 19 поени беа Џош Џексон и Ти Џеј Ворен.

Оклахома триумфираше над Атланта со 119:107, а Расел вестбрук со 32 поени, 12 скока и 12 додавања стигна до 100-от трипл дабл сезонава и тој е четвртиот играч во историјата кој заедно со Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Џејсон Кид стигнал до троцифирен број.

Во останатите натпревари:

Филаделфија - Индијана   98:101

Вашингтон - Минесота  111:116

Њујорк - Далас  97:110

Чикаго - ЛА Клиперс 106:112

Њу Орлеанс - Шарлот  119:115

Сан Антониот - Орландо  108:72

Јута - Детроит  110:79 и

ЛА Лејкерс - Денвер  112:103



Прочитај повеќе »