Металург му гостува на Татран Прешов

demo-image

По триумфот над Мешков Брест во претходната рунда нашиот вицепрвак ќе се обиде да направи ново изненадување и да се врати на шестата позиција на табелата.  Дуелот во Прешов почнува во 18 часот.

Бранителот на трофејот во регионалното натпреварување Вардар вчера го одигра последниот меч во лигашкиот дел.

"Црвено црните" рутински го совладаа Нексе со 29:25 забележувајќи ја 17-тата победа сезонава и со освоени вкупно 52 бода го соборија досегашниот рекорд на Веспрем.

Денеска се игра уште еден дуел од претпоследната рунда во кој Загреб му гостува на Динамо во Панчево и победа ќе избие на второто место на табелата и без оглед на епилогот во последниот натпревар со Мешков Брест, првакот на Хрватска во полуфиналето на завршниот турнир ќе се соочи со Целје.

Според пласманот на табелата во вториот дуел за влез во финалето ќе сретнат домаќинот Вардар и Мешков Брест.



Прочитај повеќе »