Европарламентот препорачува договор за асоцијација со Лондон по Брегзит

demo-image

 Европскиот парламент денеска усвои Резолуција за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзитот, со која се повикува на склучување на договор за асоцијација меѓу Унијата и Лондон.  

- Имјаќи ги предвид црвените линии што ги одреди Владата на Велика Британија, договор за асоцијација би можел да претставува прифатлива рамка за идните односи, се посочува во документот.  

Европарламентот во Резолуцијата предлага идните врски меѓу ЕУ и Велика Британија да се базираат на четири основни столба: трговија и економски односи, внатрешна безбедност, соработка во надворешната политика и одбраната и соработка во одреди сфери, како на пример во научните истражувања.

- Секоја рамка за идните односи треба да вклучува и почитување на целовитоста на единствениот пазар, царинската унија и четирите слободи, без да се користи различен пристап за одделни области, Тука треба да се земе предвид улогата на Судот на ЕУ, наведуава Европарламентот.

Европаретниците сметаат и дека е потребно воспоставување механуизми за надминување на евентуалните спорови. - Тука треба да се земе предвид улогата на Судот на ЕУ, смета Европскиот парламент во резолуцијата.



Прочитај повеќе »