Протест пред Собрание против Законот за јазици

demo-image
Ова е непрадва, ние сме македонци и не дозволуваме двојазичност во нашата земја... извикуваа насобраните граѓани кои ја блокираа улицата пред Парламентот во знак на револт против намерата на пратениците повторно да го изгласаат Законот за јазици кој денеска е ставен на собраниска седница. 

Дел од граѓаните кои го кренаа гласот против двојазичноста велат дека не сакале федерализација, Македонија била нивниот дом, и порачуваат „смрт на фашизмот“.

Паралелно, може да се забележи и засилено полициско обезбедување околу собраниската зграда. 

Протестот доби силна поддршка од дијаспората. Македонците кои живеат таму, преку видео пораки велат дека силно го почитуваме Уставот на државата.

Не дозволувајте македонскиот народ да ви ги колне поколенијата. Оставете го лидерот што не сака да си го изговори ниту името на државата, не дозволувајте и вас да ве повлече во пеколот, им порачува на пратениците од СДСМ Координативното тело за протести од Европа и Канада.

Од таму уште еднаш замолуваат да не се дозволи Македонија повторно да потпадне под туѓи влијанија. Велат со ваквиот чин ќе се направи сопствените деца да бидат слуги на нечии интереси. Координативното тело за протести од Европа и Канада ги повикува сите Македонци да застанат против ова. 

Македонците во светот ќе се борат со сите расположливи средства за зачувување на државата. Денеска ќе зборуваат наши претставници во Обединетите нации. 

Претходно законот беше изгласан, но претседателот Ѓорѓе Иванов, со низа забелешки по текстот, го врати во Собранието на повторно разгледување. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе преку 35.000 амандмани за законот. 

Инаку, претпладнево, пратеничките групи во Собранието, пред почетокот на седницата за Законот за јазиците, одржаа координативни средби на кои присуствуваат и лидерите на нивните партии.

Борис Грујоски


Прочитај повеќе »