Лондон ги прекинува билатералните односи со Москва, протерува 23 руски дипломати

demo-image

Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати поради случајот со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, соопшти британската прмеиерка Тереза Меј во Парламентот.

На руските дипломати им е даден рок од една недела да ја напуштат државата. Тоа е најголема мерка од тој вид во изминатите 30 години.

Меј додаде дека таквата мерка „ќе ја поткопа работата на руските разузнавачки служби“ во Британија во следниот период.

Британија ги прекинува сите билатерални контакти со Русија и го повлекува повикот до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да го посети Лондон.

– Поради случајот Скрипал, Лондон засилува контроли на приватни авиони и проверки на царина, нагласи Меј.

Меѓу мерките што ги најави таа се и онаа – високи претставници на државата и на кралското семејство нема да присуствуваат на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи ова лето во Русија. Таа смета дека целосен прекин на дијалогот меѓу Русија и Британија не е во национален интерес на државата.  



Прочитај повеќе »