Колку чини вечера со пиво во Лас Вегас?

demo-image

Вечера во ресторанот Омниа во Цезар Палатата во Лас Вегас чини 2.500 евра, а пиво во еден просечен ноќен клуб - дури девет долари.

Порталот Казино направи ценовник за најголемите казина и клубови во овој град. Така, туристите можат подробно да го испланираат својот престој во хотелите како Белаџио и Мандалај Беј.

Една ноќ во клубоу Мираж ќе ве чини 200 долари. Малку поевтин е Џеј`с Најт клаб, каде би потрошиле во просек 184 долари, или пак Тако Најт клаб - 114 долари. Цените важат за четири лица и вклучуваат една тура пиво.

Најевтиното пиво ќе го најдете во Мандалај Беј - за „само“ седум долари.

- Вегас е прилично скап град, па сакавме да им помогнеме на туристите да си поминат убаво, и да заштедат што е можно повеќе. Излегувањето во најдобрите клубови во градот никогаш нема да биде евтино, а токму во соработка со тие клубови, цените сега може да се видат на нашата интернет страница, изјави уредникот на порталот, Дејвид Шелдон.

Лас Вегас лани го посетиле 37 милиони туристи. 



Прочитај повеќе »