Власта на СДСМ удри врз пазарџиите - ќе мора да плаќаат лиценца

demo-image
Охридските пазарџии ги запоседнаа просториите на гратскиот Совет, бараа објаснување со какви дополнители давачки ќе ги оптовари државата и што ќе значи воведувањети на лиценци, за колку пари ќе им го испразнат и така плиткипот џеб. Но тие не дочекаа да отпочне седницата, ги повика градоначалникот на состанок зад затворени врати кој треаше кратко, по што тие заминаа, не сакајќи да зборуваат пред камера.

Штури информации за воведување на лиценците беа пласирани уште пред еден месец, па од тука го прашаваме градоначалникот зошто им се лиценци, на како што посочи тој индивидуалните земјоделци за кои ќе се однесувало воведувањето на лиценци, а патем тие се и единствените пазарџии.

- Затоа што не се регистрирани како фирма и како даночен обврзник - Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.

Без злиценца пазарџиите не ќе можат да земат тезга под закуп, а истата ќе има важност од една година, наредната-ако сакаат да го вадат лебот, повторно се обрзани да ја платат.Колку ќе чини,никој не знае иако уште на средина на месец јануар од ресорните мистерства се обрзаа дека  ќе ја ознанат цената за неколку дена.
Изјава Кристина Крлеска Деспотоска-дир.на ,,Гратски пазар”-Охрид : Што се однесува на цената за лиценцата, сеуште не е утрдена, значи со оглед дека е период на адаптација на законов сеуште трае минитерството за финасии и министерството за екоминја сеуште ја договараат.

И ова не се единствените даавачки за пазарџиите.

- Друга измена,согласно законот за изнајмување на простор кој што е во сопственост на РМ јавното претријатие е должно да направи проценка на тој простор и да цената се утврди според вредноста на дуќанот, на недвижноста која што ја утврдил овластен проценител - Изјава Константин Георѓиески-координатор на СДСМ.

- Тезгаџиите имаат нови давачки за да набават лиценца, што значи дека ние како општина т.е.како Совет  треба да им излеземе во пресрет во најмала рака да е ценовиникот исти.Без разлика што реално не претставува којзнае какво зголемување ,меѓутоа ние треба да гледаме на секој граѓанин на Охрид како и на тезгаџиите да им намалиме или во иста мера да им ги оставиме сите, само и само заради новите давачки со законот за зелени пазари - Изјава Кирил Пецаков-координатор на ВМРО ДПМНЕ.

Лиценците ќе ги плаќаат 20.000 регистриани пазарџии во земјава, а вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра.


Росица Голабоска




Прочитај повеќе »