Мицкоски: Повикувам на разум за да се избегне уште едно девијантно однесување во парламентот

demo-image

 Како што најавив денес преку мојот Фејсбук обраќање денеска започнуваат теренските посети, мојата активност низ Република Македонија, посета на градовите и селата. Посетите на општинските комитети каде што очекуваме да собереме голем број на идеи кои што понатаму ќе бидат навигација во новата програма која што ВМРО-ДПМНЕ после завршувањето на овие теренски посети ќе ја промовира во Република Македонија и ќе понуди нови решенија кои што ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија.

Решенија кои што ќе гарантираат подобра иднина за земјоделците, лекарите, адвокатите, студентите младите луѓе во целост. Така што сите оние целни групи кои што се разбира очекуваат резултати, очекуваат подобар живот во Република Македонија, но она што го добиваат денеска разочарувања и понижувања на дневна основа. 


Токму од Струмица ја започнувам оваа теренска посета  и имав дружење со младите од овој град. Младите ме информираа за сета онаа ситуација која што се случува во Република Македонија, поготово во нивниот град. Разговаравме околу актуелните политички и економски теми, а посебно се загрижени за застојот во економијата бидејќи не гледаат перспектива со ваква економија која што е на дното во Европа навистина се загрижени за својата иднина.

Ние не смееме да дозволиме уште една генерација да изгубиме. Изгубивме многу генерации, не смееме да изгубиме уште една генерација. И токму  затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ помеѓу нив да собере идеи, да собере предлози кои што понатаму заедно со оние кои што веќе ги имаме разработено да ја креираме таа нова програма која што ќе донесе нова надеж за подобра иднина и поквалитетна иднина за сите граѓани во Република Македонија.

Така што генерално посетата продолжува. Ќе имаме состаноци со останати целни групи. Денот продолжува со општинските комитети во Конче потоа со месниот комитет во Велјуса тука во Струмица и на крајот на денот ќе завршиме со состанок во општинскиот комитет во Струмица. Во меѓувреме ќе имаме состаноци со повеќе целни групи кои што очекуваме голем број на предлози и идеи.

Прашање:Со оглед дека имате распишано за избор на претседатели на општинските комитети кога ќе биде завршена целата постапка и значи ли тоа проветрување ена општинските комитети?

Тоа е нормална постапка која што се случува веднаш после изборниот процес и нормално после промената на раководството во самата партија. Во неделата заврши отворениот конкурсот и се имаат пријавено неколку илјадници луѓе кои што конкурираат за претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела Република Македонија, во цела татковина. Постапката на интервјуа ќе започне од 15 март и очекуваме некаде крајот на април, почеток евентуално на мај да ја имаме комплетирано целокупната структура и комплетирано раководството во општинските комитети. Потоа следува втората фаза односно фазата кога ќе започнеме да ја промовираме така наречената постапка на работно лето. И понатаму соодветно јавноста ќе биде информирана  за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и општинските организации.

Прашање:Спикерот Талат Џафери на утринската координација ја закажа седница за носење на Законот за јазици утре во 13 часот. Кои се мерките кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ?

Ние во минатото во многу наврати апелиравме за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот во Република Македонија.  При тоа понудивме решение кое што се темели на формирање на работни групи кои што ќе бидат составени од сите парламентарни политички партии, ќе биде вклучена експертска јавност, ќе бидат вклучени претставници од МАНУ и кабинетот на Претседателот на државата. Чувствителна тема е, во минатото видовме дека оваа чувствителна тема предизвика голем број реакции и во експертската јавност но и во општата јавност во Република Македонија. Уште еднаш повикувам на разум, повикувам да се избегнат лоши сценарија. Повикувам да се избегне опцијата за парламентарен терор на мнозинството врз малцинството во парламентот, бидејќи мнозинството се разбира го сочинуваат претставниците на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ подржувани од останатите политички партии со исклучок на пратениците од пратеничката група на Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам уште еднаш на разум, повикувам уште еднаш за почитување на Деловникот, почитување на законите бидејќи ова не смее да се дозволи, лошо ќе влијае за Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница но и пред домашната јавност. Затоа повикувам уште еднаш за последен пат на разум, да се избегне едно девијантно однесување во парламентот, насилно усвојување ена овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува на утрешната седница во Собранието. Сето останато ќе предизвика репрекусии и за тој кој што ќе се одлучи да ги прекрши законите но и сите оние ќе го подржат во таа постапка.

Прашање:Не ми одговоривте како ќе дејствувате, утре во 13 часот е закажана седницата?

Нашите пратеници ќе присуствуваат на таа седница и за чекорите понатаму ќе биде јавноста благовремено информирана.


Прочитај повеќе »