Баварците бараат построги ограничувања за купување акции во германските компании

demo-image

Германската покраина Баварија ќе побара построги ограничувања за купување акции во германските компании од страна на Кинезите, пишува весникот „Аугсбургер Алгемајне“.

Според тој предлог, германските власти во иднина ќе треба да го проверуваат странското преземање на само 10 отсто акции во германските компании, чиј праг досега изнесуваше 25 отсто.

Весникот објавува дека мотив за поднесување на предлогот бил планот на кинескиот мрежен оператор „Стејт Грид Корпорејшн оф Чајна“ за купување на 20 отсто акции во германската компанија „50Херци“.

На почетокот на овој месец кинескиот производител на автомобили „Џили“ станал сопственик на 10 отсто акции во германскиот „Дајмлер“, а претходно била разгледувана можноста за купување удел во БМВ.

Баварија ќе го изнесе својот предлог-закон во Горниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот. г



Прочитај повеќе »