Осум држави го изгубија правото на глас во ОН

demo-image

Осум држави не можат да гласаат во Генералното собрание на Обединети нации поради долгови од неколку милиони долари кон Светската организација.

Либија, Венецуела, Централноафриканса Република, Доминиканска Република, Маршалски Острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја го изгубија правото на глас во ГС на ОН. 

ГС на ОН одлучи Комори, Сомалија, Гвинеја Бисао, како и Сао Томе и Принципе да го задржат правото на глас и покрај тоа што имаат долг.

Венецуела и Либија третпат во последните три години не можат да гласаат поради долговите. Венецуела треба да плати најмалку 25.200.295 долари за да го врати правото на глас, додека Либија должи 6.594.842 долари. 



Прочитај повеќе »