Штрајк на просветните работници во Словенија

demo-image

Во организација на Синдикатот на вработените во образованието и науката (СВИЗ) денеска во Словенија се одржува штрајк на професорите, наставниците и останатите работници во образовниот сектор.

Според СВИЗ, во штрајкот се вклучиле околу 37.000 вработени во образоанието од околу 1.000 образовни институции.

Најавено е и одрживање на протестен собир на Конгресниот плоштад во Љубљана, на кој се очекува присуство на околу 15.000 просветни работници од цела Словенија.

Штрајкот се организира со барање на зголемување на платите на вработените во образованието и на регресот за годишен одмор. СВИЗ се закани со радикализација на штрајкот, доколку Владата не прифати преговори за синдикалните барања. 

Според Синдикатот, платите на вработените во државната управа се непропорционално повисоки од оние на просветните работници со ист степен на образование.

Ова е трет штрајк на вработени во словенечкиот јавен сектор оваа недела, по штрајкот на полицајците во понеделниот и вчерашниот двочасовен прекин на работата на вработените во здравствените установи и социјалните служби.

Словенечкиот премиер Миро Церар ги смета штрајковите за неоправдани, нагласувајќи дека зголемувањето на платите во овие три сфери би предизвикало нарушување на системот на плати во јавниот сектор и би можело да ги дестабилизира јавните финансии.

Висината на платите за вработените во јавниот сектор е на ниво од околу 11 отсто од бруто домашниот производ на Словенија. 



Прочитај повеќе »