Поради грешка на куче, лажна тревога во нуклеарка во Белгија

demo-image

Поради грешка на куче дресирано да открива експлозивни супстанци, денеска времено беше прогласена тревога во белгиската нуклеарна централа „Тианж“.

Претходно, белгиските медиуми јавија дека тревогата била прогласена откако во нуклеарката бил откриен сомнителен пакет. 

При проверка на пристигнатата пратка, кучето реагирало како во случај на откриен експлопзив, што поттикнало цела низа мерки на претпазливост, вклучително и испраќање на војници, полиција и деминери. Неколку часа подоцна било утврдено дека пратката не содржи ништо опасно. 

Централата не престанала со работа, а повеќето вработени останале во комплексот се до разјаснување на случајот.

Нуклеарната централа „Тианж“ се наоѓа во близина на Лиеж и е една од двете атомски централи во Белгија.

Пред повеќе од една година белгиските медиуми објавија дека терористите кои го извршија нападот во Париз во ноември 2015 година, подготвувале напад и врз нуклеарна централа, најверојатно во Белгија. 

Тогаш медиумите информираа дека при истрагата за нападот во Париз, бил откриен видеозапис од набљудување на домот на директорот на белгиската програма за изтражување и развој на атомската енергија. 

Неодамна белгиските медиуми објавија дека некои вработени во атомските централи биле отпуштени од работа, откако биле осомничени за радикализација. 



Прочитај повеќе »