Болничките капацитети преполни, вирусните инфекции и грипот земаат замав

demo-image
 Болничките капацитети преполни , вирусните инфекции и грипот  земаат замав. Најпогодени се дечињата. На Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле” дневно лекарите прегледуваат по стотина дечиња, 86 се хоспитализирани, односно оние кои тешко дишат и им е дијагностицирана бронхопневмонија, ларингитис вели директорот, доктор Андоновски. Болницата постојано се полни, дел остануваат, други дечиња добиваат терапија за домашно лекување. 

- Стотина пациенти доаѓаат на преглед, но тоа не значи дека сите се хоспитализирани. Сезоната на грип продолжува до краjот на Mарт… Најчесто хоспитализирани се со компликации, кога станува збор за пневмонии и тешко респираторни моменти, кога децата имаат глад за воздух, кога станува збор за ларингитични состојби изјави Ангелчо Андоновски, директор на Институт за белодробни заболувања кај децата Козле.
Ризик фактор кој негативно влијае на здравјето е аерозагадувањето. Градоначалникот на Скопје, Шилегов рече дека затоа надвор од краткорочните мерки, отвориле  фронд на среднорочни мерки. Повторно посочи дека панираат промена на концептот на загревање на домовите во Скопје, бидејќи тоа  е главна причина  за загадувањето на  воздух,  очекуваат  вели годинава да се започне со гасификација. 

- За жал навистина е така  во текот на целиот овој период  надвор од краткорочните мерки ги преземате отворивме фронд на среднорочни мерки  режимот на  функционирање на возилата каде што очекуваме дека ќе имаме целосна поддршка од Министерство за внатрешни работи. Промена на концептот на загревање на домовите  на градот Скопје како еден од главните причини на аерозагадувањето. Очекуваме дека оваа година ќе започне,е со гасификација на градот  како и деловите кои не се опфатени со централното греење... Гасификација на сите средни училишта тоа не е борба која  може да биде завршена преку ден, меѓутоа е борба која е  обработена  и утврдена во мојата стратегија.... изјави  Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје. 
На институтот каде освен белодробни заболувања се третираат и други патологии денеска Градот Скопје и Телеком донираа медицински апарати.  Дванаесетканален апарат ЕКГ, монитори за контрола на одредени параметри за следење на состојбата на тешко болните деца и перфузор за давање прецизна терапија, донацијата се реализираше со пренамена на средства кои биле планирани за пречекот на Новата година. Директорот на Институтот подвлече дека постојано имаат потреба од нова апаратура.Она што очекуваат е  да им бидат одобрени нови вработувања. Направиле систематизација ,  го информирале министерството за здравство дека имаат потреба од 20 медицински сестри.  

Вероника Мароска Леова  



Прочитај повеќе »