Странците не инвестираат, мерките да стартуваат што побрзо или и 2018-та ќе биде изгубена за странски инвестиции

demo-image
 
Нула странски инвестиции годинава. Никаков или минимален ефект врз потенцијалните нови странски инвеститори ќе имаат мерките кои владата ги определи во „Планот за економски раст“. Дел од експертската јавност смета дека мерките треба што побрзо да стартуваат за да влијаат врз вкупната економија. На овој начин странците не знаат што и кога ќе добијат, па затоа и не се решаваат да инвестираат во Македонија. Дополнително, поради политичката неизвесност , некои компании што преговараа за влез во земјава, се откажаа или пак ги пролонгираа своите одлуки за вложување.

Додека Владата склучува договори со поединечни странски компании и покрај тоа што законот не е донесен во собранието, експертите сметаат дека Македонија нема јасна определба дали растот ќе се билда со помош на странските компании, со стимулација на домашните инвестиции или нешто помеѓу. Велат резултатите се различни, а европските држави во развој најчесто се одлучуваат за стратегија базирана на извозот од странските компании.

Претходниот модел за помош на странските инвеститори кој се спроведуваше до неодамна, резултираше со раст на вработеноста од 560 илјади на 745 илјади лица за една деценија или отворање на 180 илјади нови работни места. Лани, странците инвестираа 110 милиони евра во првиот квартал, но политичката неизвесност придонесе првите 9 месеци да ги завршиме со 45 милиони евра вложувања. Тоа е премалку споредено со 317 милиони евра и 203 милиони евра што влегоа во земјава во вид на странски инвестиции во 2016-та, односно во 2015-та година.



Тања Попова



Прочитај повеќе »