Николоски: Во буџетот на Македонија за 2018 нема пари за заштита и промоција на македонскиот јазик

demo-image
Нема ниту денар во државниот буџет за 2018 година за заштита и промоција на македонскиот јазик, обвинува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дека тоа е точно, може јасно да се види од извадокот од буџетските ставки на Министерството за култура. 

Во текстот објавен на Фејсбук, Николоски пишува дека премиерот Зоран Заев на состанокот со претставниците на Институтот за македонски јазик на 11 септември лани ветил многу проекти за заштита, промоција и унапредување на македонскиот јазик, но според документите ништо од тоа.  

- Во момент кога му требаше поддршка од Институтот вети брда и долини, во реалноста донесе нула денари за македонскиот јазик. Паралелно на тоа со сила во Собранието се обидува да протурка неуставен Закон за двојазичност и употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Да е трагедијата уште поголема во истиот буџет на Министерството за култура има предвидено 4 милиони евра за Албански театар и уште 4 милиони евра за Театар и библиотека во Тетово, пишува Николовски. 

Тој вели дека нема ништо против албански театар или библиотека, но во исто време да има, како што вели НУЛА денари за македонски јазик и да се турка неуставен Закон за двојазичност - не значи ништо друго освен дека премиерот за пуста власт е спремен да ја продаде државата.

Во меѓувреме, и низа професионални и аматерски уметници нема да добијат државни субвенции. Младите, но сепак амбициозни уметници останаа разочарани, и ќе мора да го почекаат следниот конкурс за евентуално да добијат субвенции за 2019. 

Револтирани од ваквиот чекор на министерството за култура велат дека и тие и јавноста сакаат да знаат кои биле членовите на комисијата која одлучувала кој колку пари ќе добие и дали ќе добие. 

Бурни реакции има и по доделувањето пари за здружението Виган од Тетово, каде дете - талент пее за Исмет Јашари и УЧК, за кој доби субвенција од Министерство за култура. По кој критериум биле делени парите за сега никој не кажува. 

Борис Грујоски


Прочитај повеќе »