Заборавен спортист живее во мизерни услови

demo-image

Искршено парче на животот во битолската улица ``Кај ѕвончарите`` бр. 131, живее 55- годишниот Сакип Рустемов со неговата шест години помлада сопруга Кевсер. Повозрасните се сеќаваат на него како врвен спортист, еден од најдобрите боксери што ги имала Битола и Македонија, кој за некогашната југословенска репрезентација ги бранеше боите и против Соединетите американски држави. Сега заборавен од институциите, живее на социјална помош со 2. 400 денари во куќа на ЈП за Станбен и деловен простор, што буквално се распаѓа. Тука му помина младоста со трите ќерки, цели 35 години/

- Социјална помош земам, нешто приватно работам, се снаоѓаме. Но најважно што е сместувањето, куќата ми е пред паѓање. Апелирам до градоначалничката ако може да помогне нешто - рече Сакип Рустемов, поранешен боксер. - Цела куќа е пропадната, тавани, скали се е паднато нема каде да живееме , чупето Прилеп ми е избегано. Кога ќе врне дожд нас ни е страв дома да спиеме одиме кај пријатели- рече  неговата сопруга Кевсер Рустемова.

По некогаш, како утеха ја прелистува својата боксерска хроника низ фотографии, написи и по некоја снимка со животните триумфи, на кои се сеќаваат повозрасните битолчани.

- Сега младителуѓе го заборавија она моето ама постарата генерација сите ме знаат и сите ме почитуваат и ги потсетува на моето минато со боксот- рече  Сакип Рустемов.

Рустемови сега немаат каде одат и нема кој да им подаде рака, а тој скромен и вреден како и секогаш, по цел ден на градскиот пазар со својата количка врши ефтин превоз за пазарџиите и не моли никого за помош, простумејќи онака храбро како што умееше во боксерскиот ринг и против големите европски ѕвезди. Но, Битола дали ќе остане рамнодушна на ваква една судбина од човек со кого се гордее?


Петар Стефановски



Прочитај повеќе »