Турција: Се преврте чамец во Марица, исчезнати најмалку 10 мигранти

demo-image

Чамец, во кој се наоѓале најмалку 10 мигранти, рано изутринава се преврте во реката Марица, во севернотурскиот округ Одрин. 

Турски спасувачки тимови во моментов ги бараат мигрантите кои сакале да пристигнат во Грција, но досега се пронајдени само чамецот и алишта. Меѓу мигрантите имало жени и деца.

Нивото на реката Марица е зголемено по неколкудневните врнежи од дожд. 



Прочитај повеќе »