Пенезиќ меѓу трите ѕвезди, Лејно со 3. одбрана, Дибиров со петти најубав гол

demo-image

Андреа Пенезиќ со осум гола беше најефикасна во редовите на Вардар и се најде меѓу трите ѕвезди на оваа рунда додека една од 15-те одбрани на Амандин Лејно е прогласена за трета најатрактивна интервенција.

Еден од головите на Тимур Дибиров во мечот против Барселона влезе меѓу најатрактивните погодоци и го освои петтото место.

Во пресрет на вториот круг од мечевите во главната рунда, Пенезиќ и натаму е во трката за титулата кралица на стрелците во шампионската лига. Ракометарката на Вардар во моментов со 59 гола е на четвртата позиција,

Драгана Цвијиќ со 40 погодоци е на делба на 13-тата позиција, а Александра Лакрабер со 35 е 17-та. Меѓу педесетте најефикасни се наоѓаат уште три наши ракометарки и тоа Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Полина Кузњецова.

Кај мажите меѓу топ 10 стрелците се двајца играчи. Вуко Борозан и Халил Јагањац имаат по 52 гола и го делата десеттото место. Тимур Дибиров со 41 погодок е 41-ви додека на делба на 48-то место со 40 гола е Даинис Кристопанс.



Прочитај повеќе »