Старица настрада во пожар во Охрид

demo-image

Повозрасна жена настрада во пожар што утрово избувна во стан во зграда на улицата „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот бил пријавен од соседите во 7:05 часот во Територијалната противпожарна единица, која веднаш интервенирала локализираќи го пожарот и спречувајќи негово ширење кон другите станови во зградата. Жената веднаш била префрлена во Oхридската болница каде била констатирана смрт.

Првичните информации укажуваат на несреќен случај, а пожарот најверојатно бил предизвикан од догорче од цигара. 



Прочитај повеќе »