НЛБ успеала да поврати 80 проценти од украдените три милиони евра

demo-image
НЛБ банка успеала да поврати 80 проценти од трите милиони евра кои и беа украдени во грабежот кој се случи минатата година, а го изврши вработен во банката, заедно со уште неколкумина.
Во декември минатата година банката склучила спогодба со осигурителна компанија за надомест на 80 проценти од штетата.

„Другиот дел од штетата во износ од над 35 милиони денари банката го евидентираше како трошок во билансот на успехот заклучно со 31.12.2017 година на позицијата останати расходи од дејноста“, соопштија од банката.
Грабежот беше извршен лани во април, а кон крајот на годината беше донесена и првостепената пресуда за обвинетите. Девет години и два месеци затвор е казната која ја доби Бобан Смилевски, а неговиот брат Горан Смилевски, кој како и Бобан се товареше за тешка кражба и затајување, е осуден на шест години и шест месеци. Борис Мичевски кој според обвинителниот акт наводно ги превезол украдените пари, доби казна од пет години и два месеци.



Прочитај повеќе »