Граѓаните гласно против одење подоцна во пензија

demo-image
Граѓаните гласно против одење подоцна во пензија - 40 години било доволно изработено, не можело со старечки стап да се оди на работа.  Повозрасните граѓани велат дека додека еден куп млади немаат работа, тие им ги држат местата. 

Додека работниците стравуваат за старосната граница, бизнисмените се противат на зголемување на стапката на придонеси.

Сепак, пензискиот фонд е неодржлив . Анализата на институтот Finance Think покажа дека нешто мора да се направи. Тие предлагаат неколку мерки - зголемување на старосната граница на 64 години за жени и 66 за мажи, како и зголемување на придонесот за пензиско од 18 на 22 проценти.

Претходно и ММФ и Светската Банка излегоа со слични препораки - Меѓународниот монетарен фонд  заклучи дека „земјата мора да направи повеќе за да се спротивстави на негативниот демографски тренд“. Светската Банка, пак, предложи да се запре со зголемувањето на пензиите, да се оди само со законски предвиденото прилагодување со растот на инфлацијата и трошоците на живот.

Владата засега молчи за следните чекори - се прават анализи, но не се открива што ќе биде преземено. Од друга страна се оди на уште поголем притисок врз ПИОМ - најавената социјална пензија односно загарантиран приход за сите без оглед на тоа дали некогаш работеле - дополнително би го оптоварило и онака неодржливиот фонд.

Проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека една третина од парите во државната каса годинава ќе бидат потрошени за исплата на пензии, социјална и детска заштита. Само за исплата на пензиите во 2018-та од буџетот ќе се издвојат 880 милиони евра, што е за 34 милиони евра повеќе во однос на лани.




Meри Ѓорѓиевска


Прочитај повеќе »