Зрачењето од мобилните телефони не предизвикува рак

demo-image

Американски научници од организацијата Национална програма за токсикологија ги негираат наводите за опасностите од зрачењето на мобилните телефони.

Трудот е изработен по нарачка на американската Управа за квалитет на храната и лекарствата, а истражувањето траело две години, при што глувци заморчиња девет часа на ден биле изложени на зрачење посилно од она на мобилен телефон.

Резултатите покажале дека нема потврда за распространетото мислење за поврзаност меѓу зрачењето и развојот на ракот или слични заболувања.

- Дури и при честа, секојдневна употреба на мобилни телефони, кај повеќето заморчиња не гледаме, на пример, зголемување на бројот на дијагностицирани мозочни тумори. Доказите за врската меѓу зрачењето и ракот се неубедливи. Ние не гледаме поголем ризик од оној за развиток на онколошки заболувања кај луѓето, гласи заклучокот на Управата.

Во исто време, научниците забележале малку поголема можност за развој на разни срцеви заболување кај глувците мажјаци, што биле дел од експериментот. 



Прочитај повеќе »