34 годишник загина во сообраќајка на регионалниот пат Штип - Кочани

demo-image
 Уште една жртва зеде регионалниот пат Штип - Кочани. Синоќа во близина на кочанското село Тркање, загина 34 годишен маж. До несреќата дошло откако од засега неутврдени причини сега починатиот, управувајќи го сопствениот автомобил Форд фокус изгубил контрола, излетал од патот и паднал во коритотот на Трканска река.

Увид на местото на несреќата извршил дежурен јавен обвинител од Кочани. За само една недела ова е втора жртва на регионалниот пат Штип - Кочани. Минатиот четврток загина велосипедист. Минатата година патиштата во источниот дел од државата зедоа триесет жртви.


Александра Ристевска



Прочитај повеќе »