Мини Маус доби ѕвезда на Патеката на славните 40 години по Мики

demo-image

Четириесет години по најпознатиот „Дизни" лик, Мики Маус, и неговата партнерка Мини вчера доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Легендарниот Холивудски булевар на славните отсега ќе има 2.627 бронзени плочки, па така, и ликот на Мини ќе биде сочуван од заборав.

Организаторите на церемонијата на Патеката ја поздравија „веселата и независна личност" на познатата глувчица од цртаните, оквалификувајќи ја како „безвременски женски лик со статус на икона".

Сепак, на Мини, и беа потребни цели четири децении да му се придружи на својот исто така легендарен „сопруг“ Мики, на холивудската Патека, оти неа „Дизни" ја номинираше дури лани.

Меѓу другите „Дизнијеви" ликови-идоли на многу деца, коишто се веќе почестени со ѕвезда во Холивуд, се и Пајо Паторот, Вини Пу и Снежана. 



Прочитај повеќе »