Девет филмови на утрешниот маратон во кино „Милениум“

demo-image

Девет филмови ќе бидат прикажани утре од 12 часот до петок наутро во кино „Милениум“, во рамки на филмскиот маратон кој Младинскиот културен центар го органиизра по повод Роденденот на уметноста.

Маратонот ќе почне напладне со „Help, I shrunk my teacher“, а потоа  ќе следуваат проекции на филмовите: „Center of my world“ (14.30); „Dark fortune“ (17.00); „Исцелител“ (20.00); „Џган“ (22.00); „Hitlers hollywood“ (00.30); „Kharms“ (03.00); „Банат“ (05.30) и, повторно, „Help, I shrunk my teacher“ од 7.30 часот на 19 јануари. 

Од МКЦ соопштија дека за филмовите „Исцелител“ и „Џган“ задолжителни се бесплатни влезници кои од билетарницата на „Милениум“ може да се подигнуваат од денеска.

Покрај филмски маратон, за Роденденот на уметноста МКЦ утре ќе организира и изложба на фотографии „Гледај во позитив“, на која ќе се претстават тројца фотографи: Наке Батев, Томислав Георгиев и Огнен Теофиловски, перформанс „Каде одат претставите што не се случуваат?“ - авторски проект на Драгана Гунин, поетски настан „Песнило“ и музичка програма со неколку македонски и гостински бендови. 



Прочитај повеќе »