Тетово се гуши,властите сеуште без мерки и решенија за аерозагадувањето

demo-image
Тетовци секојдневно се трујат од загадениот воздух, а локалните власти и натаму се без конкретни мерки и решенија за намалување на аерозагадувањето. Ниту се казнуваат индустриските капацитети кои загадуваат, ниту е воведен јавен превоз, а не е решен ни проблемот со сообраќајот. Бидејќи општината е незаинтересирана, во еколошките здруженија велат, дека ќе бараат  Владата да реагира.

И тетовци се лути што градот се гуши и е загрозено колективното здравје, а властите ништо не преземаат.

Тетово со години има проблем со високо аерозагадување, а неколкупати се најде и на врвот на листата најзагадени градови во Европа, па и во светот. Ова придонесе и за енормно зголемување на бројот на заболувања, последниве години. Но, и покрај сериозноста на состојбата, властите константно се незаинтересирани за проблемот.



Милена Вучевска


Прочитај повеќе »