Седум метри снег на Алпите, првпат по 20 години

demo-image
Снежнa лавина го потрупа патот меѓу Бесанс и Боневал сур Арк откако тој регион го погоди невиден снег. Направен е пат низ седум метри високите наноси од снег предизвикани од лавина на француските Алпи. 

 Во областа Савоа за 36 часа наврнале 1,8 метри снег, а метеоролозите врнежите ги опишаа како онакви што се гледаат еднаш во 30 години. Снегот предизвика прекин на струјата и хаос во сообраќајот, го сопре скијањето и ја крена опасноста од лавини на највисоко можно ниво во последните 10 години.



Прочитај повеќе »