Меркел се надева дека Германија ќе има нова влада до април

demo-image
Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изрази надеж дека новата влада ќе биде формирана до Велигден, јави ДПА.

Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург-Западна Померанија, синоќа, маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече „првиот чекор во еден долг процес".

Според неа, повеќе проблеми ќе треба да се решат на европско ниво.

- Многу проблеми имаат потреба од меѓународни, европски решенија, додаде таа, наведувајќи ги како примери односите со САД и Кина и еколошките проблеми. 


Прочитај повеќе »